Вратата на пеколот
Вратата на пеколот е е дупка од природен гас во близина на селото
Дервазе ( што значи "порта"), во Туркменистан.Тој е во средината на пустината Каракум. Вратата на пеколот е позната по својот природен гас кој постојано гори, кој бил запален од страна на советските нафтени инжињери во 1971 година. Пожарот се храни со богат природни гас кој го има во изобилство во тој регион.
Тсинги де Бамарха- Национален Парк
Тсинги де Бамарха Националниот парк е национален парк кој се наоѓа на Мадагаскар. Националниот парк е центар на два геолошки формации: Голема Тсинга и мала Tсинга. Tоа е шума изградена од варовнички камења. Националниот парк е прогласен за светско наследство од УНЕСКО.
Вулингјуан-Национален Парк
Вулингјуан се наоѓа во провинцијата Хунан, Кина.Во него има преку 3000 камени столбови и врвови високи до 200 метри.Има околу 40 пештери, како и две природни мостови:мостот на Бесмртници и мостoт на небото.Националниот парк е прогласен за светско наследство од УНЕСКО.
мостoт на небото
Розевото езеро
Розевото езеро се наоѓа во западна Австралија и претставува едно од најубавите обоени езера во светот. Езерото е долго околу 600 метри а длабоко е околу 15 метри. Обиколено е со песочни ридови и се наоѓа веднаш до океанот. Неговата розева боја ја добива од зелените алги кои испуштаат розева материја. Бојата на езерото постојано се менува зависно од периодот во годината.
Пештерата на џиновските кристали
Пештерата на џиновските кристали се наоѓа во Чивава, Мексико 300 метри под површината. Главната просторија одржи кристали од селенид и во неа се најголемите кристали на светот. Некои се со големина и на автобус. Најголемиот кристал има должина од 12 метри и дијаметар од 4 метри, а тежок е околу 55 тони. Во пештерата има температура од 58 степени целзиусови, а влажноста на воздухот е 90 до 99%, така што човек без никаква опрема не би издржал подолго од 10 минути.
No comments:
Post a Comment