-Видлива маса на кондензирани капки или замрзнати кристали во атмосферата над површината од Земјата или некое друго планетaрно тело.
ВИДОВИ ОБЛАЦИ
КУМУЛУСИ
•Кумулуси се ниски облаци кои настануваат под дејство на интензивно вертикално струење на воздухот Се состојат од ситни капки Основата им е хоризонтална а во врвот с ево облик на пласт сено или купа Даваат многу малку врнежи кои ретко се случуваат Вечерно време исчезнуваат Се наоѓаат на висина од 1000 до 2000 метри
СТРАТУСИ
Тоа се мног ниски облаци кои го прекриваат целото небо Во основата се речиси еднакви без прецизно одредени контури Кога се наоѓа во ниските слоеви на воздухот го нарекуваме магла Од овие облаци не се очекува врнежи затоа што се составени од многу ситни капки водена пареа Се наоѓаат на висина од 200 до 700 метри
ЦИРУСИ
Цирусите се многу високи облаци кои се составени од замрзната водена пареа По боја
се бели или сивкасти Уште се нарекуваат и праменести облаци затоа што се во форма на прамени од коса Не даваат врнежи но се предвесник за влошување на временската состојба Се наоѓаат на висина од над 6000 метри
КУМУЛОНИНБУС
Формиран од моќни вертикални струења во воздухот Како таков во себе носи огромно количевство на вода која издигнувајќисе во висина се заледува Овие облаци носат поројни дождови град грмотевици и силни невремиња Во основата се рамни а во висина се издигнуваат и имаат фотма на потковица или печурка Нивната висина неретко е до 3500 м но во одредени случаеви и до 7000 , 14000 па и екстремени типови до 21000 метри
АЛТО-КУМУЛУС
Алтокумулусите се средно високи облаци кои се формирани од водена пареа и настануваат најчесто на судирирот на топлите и ладни воздушни маси Се наоѓаат на висина од 4000 до 6000 метри Често може да се случи овие облаци да се претворат во кумулонимбуси доколку се појави силно вертикално струење на воздухот Затоа нивната појава на небото е најчесто аларм дека на повидок е невреме
СТРАТОКУМУЛУСИ
Стратокумулусите се облаци кои настануваат на судирот на ладни и топли воздушни маси Се наоѓаат на висина од 2400 до 3000 метри и составени се од капки дожд Нивната појава на небото сигнализира дека во наредни 12 до 24 часа ке има врнежи Тие ги спречуваат вертикалните струења на воздухот и не дозволуваат топлиот да се издигне во висина Затоа овие облаци можат да опстанат и во места со висок притисок и по неколку денови
НИНБУСИ
Нимбуси се облаци кои се формираат на пониска висина и полни се со влага Нивната појава на небото укажува дека ни претстојат врнежи од дожд снег или лапавица Се наоѓаат на висина од 1500 до 3000 метри
НИМБОСТРАТУСИ
Тоа се облаци кои се наоѓаат на висина од 3000 метри и составени се од ситни капки Нивната појава на небото укажува дека ке имаме врнежи По боја се темно сиви и имаат неопределена форма Нивната дебелина може да достигне и до 2000 метри Се формираат кога алтостратусите ке се спуштат на помала висина
АЛТОСТРАТУСИ
Тоа се облаци со средна висина По боја се сиви до модро-сиви Наликуваат на листови но можат да имаат и неопределена форма Вертикалната развиеност им е многу слаба Нивната појава на небото е знак дека во висина се појавуваат топли воздушни маси Ако облакот се спушт во пониските слоеви ке настане нимбостратус а ако се издигне во висина поради заледувањето на ситните капки водена пареа може да формира облак циростратус.
ЦИРОСТРАТУСИ
Циростратус е вид на облак кој се формира на висина од 5.5 км и е составен од заледени кристали Тој е тенок и најчесто укажува дека во погорните слоеви од атмосферата има присуство на влага Понекогаш нивната појава на небото сигнализира дека е во надоаѓање топол фронт и врнежи во наредните 12 - 24 часа Овие облаци се познати и како месечев ореол Кога се присутни преку ден даваат млечен сјај на небото и низ нив сонцето пробива
ЦИРОКУМУЛУС
Цирокумулус е вид на облак кој се создава на висина од над 5км Составен е од ледени кристали и неговата појава е краткотрајна Многу често може да се појави како зафршна фаза од расформирањето на кумулунимбусот односно на неговиот подковичест дел.
No comments:
Post a Comment