Monday, February 23, 2015

Места во вселената погодни за живот


                                                              Еуропа 



                              Еуропа е сателит на планетата Јупитер. Откриена е во 1610 год. од Галилео Галилеј, а подетално во 1970 год. Погодед за живот сателитот го прават карактеристиките слични на оние на земјата. Еуропа има суров терен од ледена површина со длабоки кањони до 20км. Температурата изнесува од -150 до -200 степени целзиусови. Има тенка кислородна атмосфера и воздухот е 12 пати потенок од оној на земјата. Еуропа има голем број океани кои се замрзнати и се претпоставува дека длабоко во нив постои живот.



 


ТИТАН

Титан е сателит на планетата Сатурн воедно и најголемиот до сега. Титан по големина е сличен со планетата Марс. Има солидно камено јадро, и содржи метан, односно врнежи. гасови, езера од метан. Состојбата на титан е речиси иста како што била и на Земјата во почетните фази разликата е што таму температурата е 179 степени под нулата за разлика од Земјата. Се претпоставува дека има живи организми или би требало бидејки условите на Титан се погодни.

    






Thursday, February 19, 2015

Необични места низ светот

Вратата на пеколот



Вратата на пеколот е е дупка од природен гас во близина на селото
 Дервазе ( што значи "порта"), во Туркменистан.Тој е во средината на пустината Каракум. Вратата на пеколот е позната по својот природен гас кој  постојано гори, кој бил  запален од страна на советските нафтени инжињери  во 1971 година. Пожарот се храни со богат природни гас  кој го има во изобилство во тој регион.






 Тсинги де Бамарха- Национален Парк


Тсинги де Бамарха Националниот парк е национален парк кој се наоѓа на Мадагаскар. Националниот парк е центар на два геолошки формации: Голема Тсинга и мала Tсинга. Tоа е шума изградена од варовнички камења.  Националниот парк е  прогласен за светско наследство од УНЕСКО.



Вулингјуан-Национален Парк


Вулингјуан  се наоѓа  во провинцијата Хунан, Кина.Во него има преку 3000 камени столбови и врвови високи до 200 метри.Има околу 40 пештери, како и две природни мостови:мостот на Бесмртници  и мостoт на небото.Националниот парк е  прогласен за светско наследство од УНЕСКО.


мостoт на небото


Розевото езеро


Розевото езеро се наоѓа во западна Австралија и претставува едно од најубавите обоени езера во светот. Езерото е долго околу 600 метри а длабоко е околу 15 метри. Обиколено е со песочни ридови и се наоѓа веднаш до океанот. Неговата розева боја ја добива од зелените алги кои испуштаат розева материја. Бојата на езерото постојано се менува зависно од периодот во годината.




Пештерата на џиновските кристали


                     Пештерата на џиновските кристали се наоѓа во Чивава, Мексико 300 метри под површината. Главната просторија одржи кристали од селенид и во неа се најголемите кристали на светот. Некои  се со големина и на автобус. Најголемиот кристал има должина од 12 метри и дијаметар од 4 метри, а тежок е околу 55 тони. Во пештерата има температура од 58 степени целзиусови, а влажноста на воздухот е 90 до 99%, така што човек без никаква опрема не би издржал подолго од 10 минути.







Monday, February 16, 2015

Облаците како дел од нашето секојдневие

Што се облаци ?
-Видлива маса на кондензирани капки или замрзнати кристали во атмосферата над површината од Земјата или некое друго планетaрно тело.

                                                  ВИДОВИ ОБЛАЦИ                                                                            

КУМУЛУСИ

•Кумулуси се ниски облаци кои настануваат под дејство на интензивно вертикално струење на воздухот Се состојат од ситни капки Основата им е хоризонтална  а во врвот с ево облик на пласт сено или купа Даваат многу малку врнежи кои ретко се случуваат Вечерно време исчезнуваат Се наоѓаат на висина од 1000 до 2000 метри

                                                 


СТРАТУСИ

Тоа се мног ниски облаци кои го прекриваат целото небо Во основата се речиси еднакви без прецизно одредени контури Кога се наоѓа во ниските слоеви на воздухот го нарекуваме магла Од овие облаци не се очекува врнежи затоа што се составени од многу ситни капки водена пареа Се наоѓаат на висина од 200 до 700 метри

                                        


ЦИРУСИ

Цирусите се многу високи облаци кои се составени од замрзната водена пареа По боја 
се бели или сивкасти Уште се нарекуваат и праменести облаци затоа што се во форма на прамени од коса Не даваат врнежи но се предвесник за влошување на временската состојба Се наоѓаат на висина од над 6000 метри
                         
                                           


КУМУЛОНИНБУС

Формиран од моќни вертикални струења во воздухот Како таков во себе носи огромно количевство на вода која издигнувајќисе во висина се заледува Овие облаци носат поројни дождови град грмотевици и силни невремиња Во основата се рамни а во висина се издигнуваат и имаат фотма на потковица или печурка Нивната висина неретко е до 3500 м но во одредени случаеви и до 7000 , 14000 па и екстремени типови до 21000 метри

                                           


АЛТО-КУМУЛУС

Алтокумулусите се средно високи облаци кои се формирани од водена пареа и настануваат најчесто на судирирот на топлите и ладни воздушни маси Се наоѓаат на висина од 4000 до 6000 метри Често може да се случи овие облаци да се претворат во кумулонимбуси доколку се појави силно вертикално струење на воздухот Затоа нивната појава на небото е најчесто аларм дека на повидок е невреме
 
                                    


СТРАТОКУМУЛУСИ

Стратокумулусите се облаци кои настануваат на судирот на ладни и топли воздушни маси Се наоѓаат на висина од 2400 до 3000 метри и составени се од капки дожд Нивната појава на небото сигнализира дека во наредни 12 до 24 часа ке има врнежи Тие ги спречуваат вертикалните струења на воздухот и не дозволуваат топлиот да се издигне во висина Затоа овие облаци можат да опстанат и во места со висок притисок и по неколку денови

                                


НИНБУСИ

Нимбуси се облаци кои се формираат на пониска висина и полни се со влага Нивната појава на небото укажува дека ни претстојат врнежи од  дожд снег или лапавица Се наоѓаат на висина од 1500 до 3000 метри

                                


НИМБОСТРАТУСИ

Тоа се облаци кои се наоѓаат на висина од 3000 метри и составени се од ситни капки Нивната појава на небото укажува дека ке имаме врнежи  По боја се темно сиви и имаат неопределена форма Нивната дебелина може да достигне и до 2000 метри Се формираат кога алтостратусите ке се спуштат на помала висина 

                                 


АЛТОСТРАТУСИ

Тоа се облаци со средна висина По боја се сиви до модро-сиви Наликуваат на листови но можат да имаат и неопределена форма Вертикалната развиеност им е многу слаба Нивната појава на небото е знак дека во висина се појавуваат топли воздушни маси Ако облакот се спушт во пониските слоеви ке настане нимбостратус а ако се издигне во висина поради заледувањето на ситните капки водена пареа може да формира облак циростратус.

                               


ЦИРОСТРАТУСИ

Циростратус е вид на облак кој се формира на висина од 5.5 км и е составен од заледени кристали Тој е тенок и најчесто укажува дека во погорните слоеви од атмосферата има присуство на влага Понекогаш нивната појава на небото сигнализира дека е во надоаѓање топол фронт и врнежи во наредните 12 - 24 часа Овие облаци се познати и како месечев ореол Кога се присутни преку ден даваат млечен сјај на небото и низ нив сонцето пробива
   
                                  


ЦИРОКУМУЛУС

Цирокумулус е вид на облак кој  се создава на висина од над 5км Составен е од ледени кристали и неговата појава е краткотрајна Многу често може да се појави како зафршна фаза од расформирањето на кумулунимбусот односно на неговиот подковичест дел.