Thursday, March 26, 2015

Скриената плажа



Marietas островите се создадени пред илјадници години од вулканска активност, и се целосно ненаселени. Островите се наоѓаат на околу еден час возење со брод запад-северозапад од брегот на Puerto Vallarta Островите секојдневно се посетуваат од стотици туристи, но никој од нив не може да живее и подолго да престојува на нив. 
Во почетокот на 1900 мексиканската влада почнала да спроведува воени тестирања на островите, бидејќи никој не живее таму. Многу експлозии се случиле во тој период кој биле причина да се создадат прекрасни пештери и најразлични карпести формации . 
По силниот меѓународниот протест, почнат од научникот Жак Кусто во 1960 година, владата на крајот одлучува да се обележат островите како национален парк и да се заштитат од риболов, лов или човековата активност.
Од сите места во овој мал островски предел најголемо туристичко внимание предизвикува Скриената плажа која се наоѓа близу западниот брег на Мексико на околу  30 км од градот Пуерто Валатра.
Плажата се наоѓа на остров кој всушност е неактивен вулкан.
Ова место се смета за чудо на природата и привлекува многу туристи годишно.
Заштитено од UNESCO.















Wednesday, March 25, 2015

Кањо Кристалес (Caño Cristales) - Течното виножито





Реката Кањо Кристалес (Caño Cristales) во Колумбија за многумина претставува најубавата река во светот.Реката е често нарекувана „Реката на Петте Бои“ или „Течното виножито“. Во комбинација со растенијата кои виреат во реката се есоздава најразлична палета од бои., вклучувајќи ги жолта, зелена, сина, а особено црвена поради алгата Macarenia clavigera  која што се наоѓа на дното на реката.


Самата река е тотално испразнета од риби, поради големата концентрација на седиментарни материјали, а камењата се стари околу 1.2 милијарди години. Најдобро време за посета на Кањо Кристалес е од доцен јули до ран декември.